Дигитализацијата ќе донесе промени: Чекањето на шалтери за лична карта од 2022 година ќе биде минато

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски сподели како ќе тече процедурата за вадење на лична карта во 2022 кога е предвидено да профункционира дигитализацијата.
-Процедурите каква што е промената на адреса на живеење во личните документи ќе бидат целосно ослободени од прибирањето на обемната пропратна документација. Автоматизираниот процес и пристапот до базите на податоци на останатите институции поврзани на Платформата за интероперабилност овозможуваат лесна и брза процедура кој ќе може да ја извршите единствено со лична карта, посочи вицепремиерот Николовски.

л

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e