Детектор: Дури 78,3 отсто од испитаниците се задоволни од Филипче

Сѐ уште е висок процентот на граѓани кои се задоволни од работата на министерот за здравство, Венко Филипче, покажува анкетата која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
78,3 отсто од испитаниците се задоволни од Филипче, а само 15,2 проценти не се.
Во споредба со март, може да се забележи мал пад на довербата кај Филипче. Во март, 80 отсто од граѓаните рекле дека се задоволни од тоа како Филипче работи, а процентот на незадоволни бил само 11.
Поделено е мислењето на граѓаните околу тоа дали македонското здравство има доволно ресурси за се справи со кризата. 41,2 отсто рекле „да“, а 35,2 проценти „не“.
Речиси и да нема разлика во мислењето на граѓаните од месец март. Па така, во март 42,8 отсто рекле дека здравството има доволно ресурси, а 34,2 проценти рекле дека нема.
 Поделено е и мислењето за тоа дали граѓаните се задоволни од начинот на кој граѓаните можат да бидат тестирани доколку имаат слични симптоми како тие на корона вирусот. 40,7 отсто се задоволни, а 33,8 проценти незадоволни. 25,5 отсто рекле немале став по ова прашање.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минус 3%.
95343599_2378581695782183_5077306382219214848_o
“Големата поддршка од граѓаните носи уште поголема одговорност. Овој добар резултат е заслуга на целиот здравствен систем, на сите мои колеги кои од почеток се борат и работат напорно да ја победиме епидемијата. Ветувам дека ќе продолжиме заедно посветено да работиме за да го заштитиме јавното здравје.” – напиша на Фејсбук, министерот Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e