Наташа Стојановска за порталот “Фактор” прави детална анализа за трошењето на парите на граѓаните од страна на екс министерот и заменикот за земјоделство, Михаил Цветков и Ванчо Костадиновски.
Поранешниот министер за земјоделство, Михил Цветков на државна сметка трошел по околу 100 евра месечно само за купување на гардероба од бутиците низ земјава. Па така за година и половина Цветков, од службената картика за брендирана гардероба потрошил нешто повеќе од 1.500 евра.
Пазарел во повеќе бутуци. Па така, во бутикот Битсиани еднаш напавил сметка од 16.000 денари, а следниот пат од 12.000 денари. Во бутикот Атила платил сума од 17.400 денари, а во Том Тејлор од 10.100 денари. Во Мега спорт платил 8.700 денари. Во Биана шус платил сметка од 6.000 денари а во Пеко од 2 900денари. Во бутикот Котон купил нешто за 1.490 денари, додека во Њујоркер платил сметка од 1.700 денари. Во бутикот Ваикики еднаш платил сметка од 1.400 денари а потоа и сметка од 5.400 денари. Во Спорт висион е направена сметка од4.100 денари но и друга од 2.600 денари, додека во Прима оптика од 5.200 денари.
Но, со службената картичка Цветков пазарел и во Нептун каде направил сметка од 2 000 денари, а од Топ Шоп купил нешто за 6.680 денари.
Цветков, месечно трошел и по 150 евра за хотелите Силекс и Кратис во Кратово. Односно, за само година и половина во овие хотели потрошил 2.700 евра.
Но, пазарел и во локалните маркети Тинекс и Веро. Па така месечно трошел по околу 75 евра. Односно за година и половина во маркетите од службената картичка потрошил околу 1300 евра.
Цветков одби да ги коментира трошењата од службената картичка. Кусо посочи дека нема никакви злоупотреби на службената картичка, и го прекина телефонскиот разговор.
Костадиновски месечно за ресторани трошел 450 евра, а за бензин по 110 евра и по 70 евра во маркетите
Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски пак месечно трошел по близу 450 евра само во ресторани низ Македонија, односно за година и половина потрошил околу 8.000 евра. Кзабланка, Меркатор, Сушико, Џино, Мериот, Оаза Штип, ги посетуваал најчесто а најголемта сметка од 36 илјади денари ја платил во Рагуза.
Но, освен луксузните вечери во скапи ресторани Костадиновски со службената картичка плаќал и сметки во сендвичарата Спицикато од 150 денари или 370 денари на плажата Куба Либре во Охрид како и сметки од 300 денари во Палма. Трошел и во аптеки каде платил сметка од 800 денари, но и во Просветно дело каде платил 306 денари, а купувал и книги од Уни сервис во неколку наврати потрошил 200 евра. За чоколади во специјализираната продавница Линдит платил 2400 денари. А трошел и за куглање каде платил 1300 денари, но и во Микеи Хантинг клуб за стрелаштво каде платил 2000 евра, го посетил и Аурора спа центарот каде што платил 10.000 денари.
Само за бензин од службената картика месечно трошел по околу 7000 денари односно за година и половина потрошил нешто повеќе од 2.000 евра. Најчесто бензин точел на бензинската станица Мак Фолклор 1.
На државна сметка Костадиновски пазарел и во маркетие па за година и половина потрошил 1300 евра, односно месечно трошел по нешто повеќе од 70 евра.
Костадиновски, не пазарел по бутици со службената картичка. Но често вадел кеш. Па така за година и половина Костадиновски извадил околу 4 илјади евра.
На денот на независноста, Костадиновски во трговскиот центар Сити Мол, извадил кеш од 500 евра, а потоа малку подоцна, со картичката плаќал во познат ресторан во трговскиот.
Постојано патувл низ државата, што може да се види од платените патарини. Односно за нешто повеќе од година и половина Костадиновски за патарина во земјава платил нешто повеќе од 100 евра.
Но, често патувал надвор од државата. Со службената картичка плаќал во рибни ресторани на Ушче во Белград, спиел во хотелот Хајат за што платил околу 200 евра, но и таму вадел кеш. Во Бугарија, бил во клубот Рок анд Рол, а потоа плаќал и во спа центар и тоа околу 300 евра. И секако вадел и кеш. Во Словенија пак, спиел во хотел Шеретон каде платил 436 евра, а плаќал и карти во Постојинска јама а од картичката извадил кеш од 850 евра.
Костадиновски остана недостапен да одговори за што се ја користел службената картичка.
Со службената картичка плаќал и државниот секретар Бесир Јашари. Повеќе трошел во ресторани, но пазарел и во Мона и Пеко.
Сите тројца функционери од министерството за земјоделство, на државен трошок, пазареле и во локалните маркети како Веро, Тинекс и Рамстор. Но, исто така и покрај Верна картичките со кои се точи бензин, тие дополнително и со служебените картички правеле трошоци за гориво.
Извор: Фактор