Дескоска: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ не се суштински, некои се и конфузни

Амандманите што ги добивме единствено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ниту се суштински, ниту пак можат да значат подобрување на текстот. Некои од нив се неразбирливи, неприменливи и конфузни зашто имаат и технички грешки во формулациите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска коментирајќи ги амнадманите на опозицијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани на Предлог-законот за високо образование кој денеска беше разгледуван во второ читање на собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

Опозициските пратеници сметаат дека  Предлог-законот е недоследен и има низа пропусти во регулирањето на соодветната материја и дека  остава недоречености и назадувања во одредени области.  Меѓу амандманите кои ги предлагаат се зголемување на буџетот предвиден за финансирање на универзитетите и самостојните високи стручни школи.

– Интересно е ВМРО-ДПМНЕ да предлага амнадман за коефициент на плати на професорите, а во нивно време, повеќе од десет години владеење, не направија ништо да се подобри статусот на професорите и оставија огромни буџетски долгови, рече Дескоска.

Целиот текст на АЛСАТ можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e