Наназад, со години може да кажеме дека се мачиме со нерегуларностите. Грешките се на системско ниво а тоа произлегува од едно „швајцарско сирење“ на изборниот законик, изјави во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ првиот човек на Цивил, Џабир Дерала, анализирајќи го вчерашниот изборен ден.
Дерала подвлекува дека Цивил забележал неколку нерегуларности, меѓу кои обид за „бугарски воз“ и сликање на гласачко ливче.
-На овие избори видовме дека скокна цената на гласот – од 2000 денари па нагоре. Поткупот е се уште очигледен кај социјално загрозените и ранливи семејства. Притисокот, социјален, политички па и правен е посилен врз овие лица. На ова нешто мора да поработиме во иднина, смета Дерала, кој додава дека забележливо е намалувањето на изборните нерегуларности споредено со претходните изборни циклуси.
-Земјата е влезена во процеси во која и ДУИ учествуваше. Зборувам пред се за евро-процесите. ЕУ интеграциите ќе му дадат простор на Заев да ја состави владата, а не Али Ахмети.