Денеска со температури до 38 степени, кон вечерта дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, додека максималната ќе достигне 38 степени.

Во Скопје времето сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови, УХМР најавува дека времето ќе биде многу топло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има денес претежно во западните делови во попладневните часови и утре од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e