Денеска сув студ, но ќе има и сонце – Од среда дожд

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во нашата земја ќе биде стабилно, суво и сончево, а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e