Денеска сончево и ветровито, со температури до 35 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. УХМР најавува дека ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува.

Минималната темература ќе биде во интервал од 10 до 20 степени Целсиусови, а максималната од 26 до 35 степени Целсиусови.

Во Скопје времето сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
За утре УХМР најавува локална појава на нестабилност во попладневните часови, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e