Денеска сончево, со ветер и дожд во источните делови

УХМР информира дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 степени.

Температурата ќе достигне до 22 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e