Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од -2 до 3 степени, а дневната од 14 до 24 степени
Во Скопје сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 2 степени, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места со поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).
Во Скопје утре променливо облачно, претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
