Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, со малку пониски температури.
Во попладневните часови се очекува има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Индексот на ултраввиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 13 и 20, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде умерено облачно со засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.
