Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Овој земјотрес, кој траеше 20 секунди, однесе 1070 човечки животи, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади Скопјани останаа без покрив на главата.