Делегација на Владата ќе положи цвеќе во чест на 23 Октомври

Делегација на Владата утре ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод „Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври“, соопшти владината прес-служба.

Владината делегација ќе биде предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, министрите без ресор Едмонд Адеми и Зоран Шапуриќ и заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e