Давчевски: Градбата на Панормаското тркало да прекине, а парите да се трошат домаќински и ефикасно

Прес конференција,
Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје
Скопје, 20.07.2017
Почитувани,

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Совет на Град Скопје денеска поднесува иницијатива за прекинување на градежните активности на Панорамското тркало кое се гради во коритото на реката Вардар. Оваа иницијатива ја поткрепуваме со неколку аргументи.

Како прво, Панорамското тркало се коси со Деталниот урбаниситички план за Мал ринг на Општина Центар кој е донесен на почетокот на оваа година со што се става вон сила Деталниот урбанистичка план од 2010 година. Со измената на ДУП-от, сите објекти кои не се довршени се дивоградби и мора да бидат стопирани или отстранети, а оние кои не се започнати нема да добијат дозвола за градба. Второ, смената на централната власт доведува до состојба на прекин на сите парични средства од државни институции кои во вид на донации беа давани за изградба на тркалото на носителот на проектот, ЈСП Скопје. И трето, ја уважуваме петицијата покрената од граѓаните преку која побараа запирање на градбата на тркалото и која граѓаните ја доставија до градоначалникот Коце Трајановски кон крајот на 2016 година, односно почетокот на 2017 година.

Сметаме дека со прекинување на градбата во оваа фаза би направиле корисна работа која ќе заштеди пари и истовремено ќе биде од корист на граѓаните. Тоа значи да се доврши мостот кој е во поодмината фаза и да се користи како пешачки мост, а се што е над мостот да се конзервира и да се заштити градбата од пропаѓање.

Конзервирањето би било естетски прифатливо и архитектонски осмислено и за тоа не би се потрошиле големи средства. Со овој чин покажуваме рационалност и водиме сметка за парите на граѓаните кои треба да се трошат домаќински и ефикасно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e