Владата на Република Македонија, за вршител на должноста директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Дарко Каевски, кој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Марјан Спасески.
На денешната владина седница се направени смени и во неколку други државни претпријатија како што се ЈП Службен весник и Државен архив.
