Денеска во Собранието на седницата за пратенички прашања по неколку избегнувања конечно се појави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој по начинот на кој одговараше на поставените прашања, може слободно да се запрашаме, дали некогаш овој владин функционер ќе ја свати суштината на парламентарната демократија и институтот пратенички прашања?
Зошто го поставуваме ова како дилема?
Секогаш кога ќе треба да биде соочен на дебата со некој од опозицијата, Трипуновски или ги избегнува тие гостувања, не се појавува или одговара со напади, навреди, понижувања и закани.
Сличен ваков настап, министерот за земјоделство имаше денеска кога на легитимно прашање од пратеничката Сања Лукаревска за состојбата во оризопроизводството, тој во својот одговор се служеше повеќе со “цинизам” отколку со реален одговор кој впрочем го бараат самите оризопроизводители.
Токму поради ваквиот однос на Трипуновски кон пратеничката Лукаревска, по објавите на видеото на неговата лична фан страна како и на фан страната на МЗШВ речиси и да нема позитивен коментар во негова корист, напротив огромен број на негови следбеници се со дијаметрално спротивно мислење и воопшто не се штедеја да го искажат својот гнев и разочараност од владиниот функционер.





После сите крупни скандали кои се случија во и околу министерството за земјоделство како што се аферата ИПАРД во која близок соработник на Трипуновски, директорот на платежната агенција беше уапсен откако побарал РЕКЕТ од 50000 евра, во кој случај е уапсена и е под истрага и негова поранешна блиска соработничка, како и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство кој барал 100.000 евра РЕКЕТ, јавноста оправдано се прашува, дали секторот Земјоделство е претворен во дувло на криминал и со кој кредибилитет Трипуновски продолжува да го води министерството за земјоделство?
