ВМРО ДПМНЕ и медиумите блиски до нив по веќе позната шема една недела пласираат приказна во јавноста дека власта купувајќи вакцини од Кина преку фирма посредник, сакала да земе провизија. Свесни дека процесот за набавка на вакцини е доверлив и ниту Владата ниту Министерството за здравство не смејат да ги објават цените по кои ги купуваат вакцините, опозицијата и медиумите блиски до нив креираа приказна во јавноста дека процесот за набавка на вакцини е криминален.
Две писма со намера, еден фалсификуван документ, и серија пресконференции полни со претпоставки и неиздржани информации, сериозни обвинувања се со единствена цел опозицијата политички да поентира загрозувајќи го процесот за купување на вакцини.
Ако ВМРО ДПМНЕ имаа цврсти и непобиени докази дека се врши криминал пресконференциите на опозицијата, како и објавите кај нивните поддржувачи веб портали нема да почнуваат со „дали„ и наместо издржани информации, се да е сведено на коментари во прашална форма.
Наспроти инсинуациите на ВМРО ДПМНЕ, факт е дека со првичниот договор за набавка на кинеските вакцини државниот буџет не е оштетен ниту за денар. И клучно и најважно, парите кои биле уплатени на фирмата која посредувала во купување вакцини, вратени се во државната каса. Каде е направена злоупотреба и каде е провизијата ?
За фабрикуваниот случај со набавката на кинеските вакцини прв чекор повлече десничарскиот весник Ла Верита, објавувајќи писма со намера кои тврдат дека министерот за здравство ги испратил до компанија како би стигнале до вакцините на Синофарм. На веќе познат начин, Ла Верита врз база на „кометари“ и „извори на весникот“ пласираше приказна дека зделката за купување вакцини требало да се одвива преку фантом-фирма со седиште во Хонг Конг.
Оваа теза на весникот беше отскочна даска за ВМРО ДПМНЕ да одржат серија пресконференции, сакаа да ја убедат јавноста дека, со ваков начин на набавка на вакцини била испланирана провизија. Измислиците одеа до таму што портали блиски до нив, во „сценариото“ ја вклучија и српската разузнавачка служба БИА, но таа приказна беше до толку лажна што немаше сила да опстои ниту еден ден.
Викендов на порталот Плусинфо беше објавен фалсификуван документ, со „дали информација“ дека наводно Министерството за здравство платило 12,5 милиони долари за вакцини.
Плусинфо тврдеше дека листот хартија со размачкани букви „некој“ им го испратил до редакција, а они прочитале дека станува збор за допис со кој сениор менаџер на Дојче Банка потврдувал дека нејзиниот клиент Trans Border Gmbh, во својство на афилирана компанија на Starbi International Services Co Ltd, има намера да склучи договор за набавка на вакцини во вредност од 12,5 милиони долари. Пулсинфо не видел потреба да ја провери веродостојноста на документот во Дојче Банка, ниту да провери дали „намерата се остварила“ и клучно дали фирма со такво име постои. Ако провереле можеби ќе утврделе дека Trans Border Gmbh можеби згаснала пред неколку години и можеби воопшто нема сметка во Дојче Банка.
Но „истражувачкото дали новинарство“ на Плусинфо беше параван за ВМРО ДПМНЕ повторно со „дали ценовник“, да креира криминална приказна па спордеуваа колку биле платени вакцините во Перу, а шпекулираа колку поскапо платило Министерството за здравство, па така ВМРО ДПМНЕ откри „дали сума на провизија“.
Министерството за здравство сите овие информации поврзани со цени и уплати за набавката на кинеските вакцини ги демантираше и ги осуди, потврди дека станува збор за лаги и смислени сценарија. Од МЗ потенцираа дека вредноста на договорот за купување вакцини не е таа која ја лиферуваа во јавноста Плусинфо и ВМРО ДПМНЕ ниту пак компанијата која беше наведена во фаслификуваниот документ.
На ВМРО ДПМНЕ единствено треба да им се оддаде признание за смисленото сцанарио и организираниот напад. Како и многу пати досега се покажаа дека тоа совршено го прават, па дури и по цена да се наруши процесот на имунизација.