Да си жив и здрав Љупче. Си направил многу за многу луѓе. Сите тие знај ќе ти ја вратат добрината

Видов статус каде го спомнуваат Ljupcho Nikolovski.Му се заблагодаруваат за добрина која ја направил.
Не можам да преќутам и ќе напишам и јас. #БлагодарамЉупчо!

Не сакам да окткривам детали за тоа бидејќи ми е тешко, но на моето семејство Љупчо ни се најде во најмачните периоди. И за лекувањата тука и за лекувањата во странство, и кога требаше финансиски да се помогне, не се срамам да кажам дека и тогаш ни се најде и помогна без никогаш нешто да побара назад.

Дури и кога требаше да се простиме од нашата Сандра, тука беше Љупчо за тоа да го направиме достоинствено како што треба.

Малкумина се луѓето кои политиката не ги оцрнила. Меѓу толку злоба и нечовечност, тоа што го имаме Љупчо е благослов. Да си жив и здрав Љупче и оди гордо напред. Си направил многу за многу луѓе. Сите тие знај ќе ти ја вратат добрината.

ФБ статус на Далибор Ангеловски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e