Со официјална пленарна сесија започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага.
“Разговараме како да продолжиме со обезбедување на економска, воена, политичка и финансиска поддршка на Украина. Воената Агресија врз Украина влијае и врз енергетската ситуација во Европа, со што има ефект и врз целокупната економија.” – објави министерот Николовски.

“Наша единствена цел е да обезбедиме сигурност во снабдувањето со енергија за нашите домаќинства и бизниси. Обединети, во духот на солидарноста и во одбрана на нашите заеднички интереси, продолжуваме да се справуваме со сите предизвици и да обезбедиме доволно храна за сите.”- потенцира Николовски.
