Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на граничен премин Блаце – Царинарница Скопје.
ЦИ Блаце е испостава во чија што надлежност е спроведување на царинската постапка на Граничниот премин Блаце и тоа на двата нејзини отсеци патнички и стоков.
За време на работната посета, управникот на Царинарница Скопје, помошник управникот и шефот на царинска испостава Блаце, го информираа заменик директорот и за тековните активности и капацитетите на овој граничен премин, што воедно е и еден од најфреквентните гранични премини.
Заменик директорот г. Муарем Асани при посетата пред царинските службеници ја потенцира неговата заложба да бидеме посветени кон борбата против криминалот и корупцијата, точка која е високо ставена и на приоритетната листа на Владата на Република Северна Македонија, притоа нагласувајќи дека човечкиот фактор е клучен при преземањето и спроведувањето на ефективни мерки за борбата против корупцијата.
За време на посетата на граничниот премин Блаце остварена е и работна средба со Командирот на граничната полиција Блаце г. Бесим Асани.
На ова средба беше разговарано за актуелните теми за успешната соработката меѓу припадниците на МВР и Царинските службеници од овој премин.