Д-р Скепаровска за УБ: Трудниците да прошетаат надвор, да користат велосипед, но да не се затвораат во теретани и фитнес центри

Откако почна пандемијата има пренасочување на гинеколошките прегледи. Така што од почетокот на Ковид-19 Гинекологија Чаир стана најголемото породилиште во државава, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, д-р Кристина Скепаровска од Гинекологија Чаир.

-Работиме со полни капацитети, жените се одлично згрижени. Имаме зголемен број на работа кое е зголемен за 40%. Нашата куќа има многу малку гинеколози и акушери што самото по себе наметна многу поригорозни начини на заштита. Целиот Ковид ја покажа емпатијата која постои помеѓу колегите, вели Скепаровска.

До сега не сме имале позитивен тест во болницата, што е одлично. Заштитен материјал имаме доволно вели Скепаровска и додава дека доколку е потребен персонал постои принципиелен договор со Министерството за здравство и болниците да се помогне, како и препорака трудниците да внимаваат бидејќи во овој период е потребна двојна претпазливост.

-Мој совет е трудниците да прошетаат надвор, да користат велосипед, но да не се затвораат во теретани и фитнес центри, додаде Скепаровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e