Д-р Азби Агуши со порака до децата: Сакам да знаете дека тато и колегите даваат сè од себе во борбата, бидете храбри!

Сакам моите деца да знаат дека давам сè од себе за да помогнам, а и сите други деца, дека во животот треба да се биде јак и храбар за кога ќе ти се укаже можност, да помогнеш и да не се штедиш, вели д-р Азби Агуши. Тој е еден од лекарите што се во првите редови во борбата против Ковид-19.

Како лекар од КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување) до завчера беше во првата група анестезиолози ангажирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за лекување на најкритично болните, пишува порталот Деца.

Прво разговарал со семејството и објаснил дека ова е борба која не ја води еден човек, туку група луѓе кои се вклучени деноноќно за да им помогнат на болните. Успехот зависи од сите нас.

Поради ангажманот, морал строго да го ограничи бројот на луѓе со кои ќе има контакт.

– Морав да им кажам дека тоа ќе биде еден период во кој мора и физички да се одделиме и заеднички да се поддржиме за сè да заврши како што треба. Се одлучив тоа да го направам и како лична жртва за да се намали кругот на луѓе со кои контактирам и евентуално да не се прошири вирусот. Сопругата и децата отидоа кај нејзините родители, а јас останав дома. Одев да ги видам, но надвор и оддалеку. Ни беше скратена можноста за прегратки, за близок контакт. Контактиравме со маска, од растојание. Децата сакаат да се прегрнуваат, помалите потешко разбираат дека не смее… Тоа се тешки моменти, тоа се искуства на сите луѓе што се вклучени во оваа борба – раскажува д-р Агуши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e