Предлогот на СДСМ, Цветанка Иванова да биде именувана за нов Генерален секретар на Собранието денеска беше утврден на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Следен чекор е предлогот да биде ставен на гласање во собранието.
Претходно, од истата позиција разрешен беше досегашниот генерален секретар Жарко Денковски.
Седницата на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата беше прекината на третата точка на дневниот ред.
Членовите на Комисијата требаше да се изјаснат за предлозите за заменици на претседателот на Собранието на РМ. Продолжението на Комисијата ќе биде дополнително закажано.