Пожарот кој синоќа го зафати с.Кондово е ставен под контрола. 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на ТППЕ и 50 лица од месното население учествувале во гаснењето. Направен е појас со возилата, не се зафатени куќи во пожарот во Кондово, информираа од Центарот за управување со кризи.