Ципрас го доведе во прашање кредибилитетот на ЕУ за почетокот на преговори со Северна Македонија

Прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ е да одлучи за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му рекол поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Алексис Ципрас го постави и прашањето со Северна Македонија, истакнувајќи дека е прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ, на самитот да одлучи за почеток на пристапни преговори. Според извори од СИРИЗА, Жан Клод Јункер му се заблагодари на Алексис Ципрас за нивната конструктивна соработка и позитивната работа на неговата влада, истакнувајќи дека придонесе одлучувачки за стабилноста на еврозоната и за надградба на улогата на ЕУ на Западен Балкан, особено со Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e