Чупеска се повлече од функцијата потпретседател на партијата

Универзитетската професорка Ана Чупеска поднела оставка од функцијата потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Причините за нејзиното повлекување засега не се познати за јавноста.

Професорката Чупеска на потпретседателската функција во СДСМ дојде откако партијата ја презеде Фенко Филипче. Таа е професорка на Правниот факултет во Скопје.

Сè уште нема официјално соопштение од партијата или од самата Чупеска за причините за нејзината одлука. Филипче ја потврди оставката на Чупеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e