Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Могила, Оливер Ристевски, на 11 овој месец бил затекнат како со неколкумина краде дрва од шума. Настанот се случил во 13:30 часот кога во сила беше полицискиот час.
Настанот го потврди денеска и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој рече дека тоа е заведено во полицискиот билтен. Чулев потенцира дека не сака да навлегува во политичката припадност на осомничените бидејќи, како што рече, секој што сторил прекршок ќе одговара.