Мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик донесе основното јавно обвинителство Скопје.
Судот дополнително ќе одлучи за петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка притвор, поради влошена здравствена состојба .
Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.