Чавков призна дека бил на 100 метра од собраниските инциденти

Екс директорот на БЈБ, МиткоЧаков, во гостување на телевизијата Нова, ден по информацијата дека преку трите базни станици бил лоциран на стотина метра од парламентот на крвавиот четврток, во периодот кога полицијата не постапуваше да го спречи нападот на разулавената орда туку напротив голем дел од полициските структури учествуваа меѓу хулиганите призна дека само еден, а не како што тврди минитерот Нухиу, цели два часа бил недостапен. Рече дека тоа било од негови приватни причини кои ќе ги изнесел каде што требало.

Екс директорот на БЈБ се лути за тоа што некој на медиумите им дал податоци за неговото движење преку телефонот лоцирано со помош на трите базни станци и посочува дека тоа е некој од јавното обвинителство и дека тоа биле доверливи информации е тој штo ги дал ќе одговарал.

Чавков ја отфрли како шпекулација тезата дека тој бил еден од координаторите во нападот на парламентот, рече дека добива закани дека ќе бил прв од тие што новата власт ќе ги уапсела но тоа не го плашело.

На суд ќе докажел дека на крвавиот четврток постапувал професионално. Сега пензинираниот директор на БЈБ в иако елаборираше прилично долго за нападот на парламентот во ниеден момент не спомна дека во тие два чаа кога не му се јавувал на минитерот Нухиу од приватни причини сепак според признанието на Никола Груевски бил во телефонски контакт со него бидејки лидерот на опозициката ВМРО ДПМНЕ во тој момент беше во Виена и доцна во нокта ја прекина посетата и се врати во Скопје.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e