Цените на дизелот и бензинот се намалуваат

Денеска на прес конференција во Владата, премиерот Димитар Ковачевски најави дневно менување на цените на горивата.

Според него, оваа мерка ќе биде се додека трае енергетската криза во Европа.

„Мерката ќе има директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенти и тоа за околу 1,2 денари односно 2,3 денари, односно 4,7 денари вклучувајќи го и ефектот од намалениот износ на ДДВ за износот на намалена акциза. Би се примениле акцизи намалени за 2 денари, дизелот наместо 85, 5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e