По неколку децении, целосно е реновирана Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Комплетно е обновен хируршкиот инструментариум и исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација. Воведени се и нови процедури кои се во чекор со современата медицина. – информираше Министерот за здравство Венко Филипче.