Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во с.Кучково

Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во с.Кучково, информира граддоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
-Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа. Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна. Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни, вели градоначалникот.
233275556_2582158218597666_6488757200778714020_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e