Фолк ѕвездата Светлана Ражњатовиќ и поп пејачот Саша Ковачевиќ, ќе бидат ѕвезди на вечерта на годинешната прослава на Денот на Крива Паланка, кој ќе се одржи на 29 и 30 август на градскиот стадион.
Првата вечер, во петок, покрај Цеца, ќе настапат и Мирза Селимовиќ и македонски диџеј Галоски, додека втората вечер во сабота освен Ковачевиќ, ќе трубачкиот оркестар Биг Бенд Дејан Петровиќ и германскиот диџеј Tom Novy. Концертите ќе започнат во 21 часот, а ќе трааат до 1 часот по полноќ.
„Крива Паланка е подготвена за спектакуларна прослава на 29 и 30 август. Два дена на една сцена и безвременска енергија. Градот ќе блесне во полн сјај и сите патишта ќе водат кон нашиот град, кој ќе биде домаќин на дводневна манифестација посветена на Пресвета Богородица – заштитничка на градот. Посетителите ги очекуваат незаборавни музички ноќи исполнети со емоции, светла, ритам и многу љубов“, велат од Општина Крива Паланка.