ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма не нуду апсолутно ништо ново, ниту пак нешто што нуди надеж, истакна вицепремиерката за економски прашања и носител во ИЕ 1, Мила Царовска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
„Имаа 12 години во кои можеа да покажат како се води држава.Тие покажаа како се корумпира државата, како се запоседнува судството и како се излеваат пари кадешто не треба.
Затоа сметам граѓаните ќе препознаат што СДСМ направи за 2,5 години и како ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса 12 години да гради, а наместо тоа тие ја рушеа државата.
Ние создадовме услови оваа држава да се развива, нагласи Царовска.