„Поентата на социјалната реформа е да ги внесе најранливите во системот и да им обезбеди шанса за пазарот на трудот. Спроведуваме социјална реформа која концептуално го трансформира општеството зашто во неа има фактори за економски, и човечки потенцијал, за развој на нашата држава“, нагласи Царовска вечерва на Националната радиотелевизија.