Царинската управа со кампања: СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИ ПРОИЗВОДИ!

Царинската управа на Република Северна Македонија, преку активности го одбележа 26 април Светскиот ден на интелектуалната сопственост и на 24.04.2019 година како дел од кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“ така што во просториите на трговскиот центар Рамстор ги запозна потрошувачите со штетните последици кои може да ги предизвикаат фалсификатите.

58372726_2372973609653236_8430423466586406912_o

58379599_2372973642986566_1047361280169476096_o

На самиот влез на ТЦ Рамстор беа поставени банери од кампањата, а на штандот од страна на царинските службеници беа презентирани примероци од фалсификувани производи и поделени брошури на граѓаните односно потрошувачите. Посетителите покажаа голем интерес за запознавање со проблемот со присуство на фалсификувани производи на пазарот.

57909033_2372973722986558_6887282283099717632_n

58444606_2372973686319895_8986821357203357696_nОваа кампања е фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие преставуваат голем ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи големи загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

58113566_2372973752986555_160863417341575168_n

58380468_2372973636319900_6395109117224026112_n (1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e