Царинската управа го одбележува 14 април – Денот на царината

Оваа година Царинската управа на Република Северна Македонија го одбележува 14 април – Денот на царината, во посебна, вонредна состојба заради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Годинашното одбележување на празникот на царинските работници ќе остане запаметен заради исклучителни и неопходни напори што Царинската управа ги прави, заедно со сите органи и министерства во Владата на Република Северна Македонија, за одржување на економската активност и поддршка на работењето на економските оператори во меѓународната трговија и во извозот и увозот.

Во овие услови Царината ја прифати својата одговорност и водечка улога во консолидирањето и поедноставувањето на тековните активности за олеснување и поедноставување на движењето на стоките преку границите со примена на алатки за дигитално, автоматизирано и безхартиено работење.

Продолжуваме со поддршка и промовирање на сите соодветни инструменти, иницијативи и градење на капацитети за постигнување на нашата заедничка цел – да им го вратиме нормалното секојдневие на граѓаните колку што е можно побргу, порача Владата на РСМ.

Упатуваме честитки до сите царински работници по повод Денот на Царина и 28 годишнината од постоење на Царинска Управа на Република Северна Македонија. Нека е честит 14 април – Денот на царината!, стои во честиката од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e