Царинска управа: Континуитет на активностите на стручно оспособување со билатерална помош на царината на Франција

Во рамки на обуката што од 27-30 мај ќе се реализира со експерти од Царинската служба на Република Франција, како билатерална помош, ќе бидат презентирани и демонстрирани применуваните современи методи на разоткривање и констатирање на царинските прекршоци и други казниви дела во чие превенирање и сузбивање Царината има активна улога.

61096822_2398028063814457_5138950037774008320_o

По совладување на теоретскиот и практичниот дел на обуката што претставува продолжение на претходно заеднички реализирани активности со колегите од Франција, на царинските службеници и на полициските службеници кои се исто дел од групата на учесници ќе им бидат доделени дипломи, информираат од Царинската управа.

61126504_2398028423814421_6419173750264037376_o

Стекнатото знаење учесниците ќе можат понатаму практично да го применуваат и да го споделат со своите колеги користејќи ги соодветните за таа намена предвидени технички средства што ќе бидат протоколарно предадени на располагање, за идни операции кои ќе се реализираат во техничка соработка.

61246861_2398028367147760_838698935567515648_o

61010587_2398028503814413_5021301426018582528_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e