Бучковски: Претпазливо со подгревање на очекувањата за датум

Специјалниот претставник на Владата на РСМ за Република Бугарија, Владо Бучовски, во настап во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, вели дека мора да се биде претпазлив кога се подгреваат очекувањата на јавноста во однос на можноста за деблокада на пристапниот процес на земјава во ЕУ веќе во декември. Има малку време до клучните состаноци на ЕУ, вели Бучковски, иако смета дека треба да се види што точно значат пораките што деновиве стигнуваат од повеќе официјални претставници на Бугарија за потребата Северна Македонија да испорача нешто конкретно на краток рок.

„Иизгледаше возможно дека ќе има нова влада во Бугарија до 14 декември, иако сега се почесто се споменува 25 декември како можен термин за тоа. Така што, има малку време за декемрви. Но, иако нема политичка влада, и претседателот Радев, и службениот министер за надворешни работи Стоев, и бугарскиот амбасадор во ЕУ Александров говорат дека има потреба нешто конкретно да направи Република Северна Македонија на краток рок, а другите прашања долгорочно да останат за во Преговарачката рамка. Треба да видиме што значи тоа. Во тој контекст треба да се чита и соопштението за телефонскиот разгов на Радев со еврокомесарот Вархеји, кое е пишувано во кабинетот на бугарскиот претседател, а не од советниците на Вархеји. Паралелно, и од словенечкото претседателство стигнуваат изјави дека е можно до крајот на годината да се случи прва Меѓувладина конференција. Но, како би се направило тоа – не е јасно, главно, од објективни причини“, вели Бучковски за „360 степени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e