Бучковски: Идејата на Мицкоски за кризна состојба е небулозна, потребна е вонредна состојба

Идејата на Мицкоски за воведување на кризна состојба е небулозна и иденствено решение е водедување на вонредна состојба, изјави во гостувањето во емисијата 24 отворено на ТВ24 поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски. На неговото мислење се приклучи и професорот Љубомир Фрчковски кој пак се приклучи преку водеи врска.

Бучковски рече дека Македонија нема капацитет да водеде кризна состојба на целата териоторија а за каков капациет се работи спореди со оној на Србија за кој кажа дека ниту Србија, со нивните ресурси да дојдат кај нас не би можеле тоа да го исполниме.

Бучковски смета дека вонредната состијба е сосема доволна и таа не мора да значи стрикно ограничување на некакви права туку само значи дека Владата добива зголемени ингеренции со кои Указите кои ги донесува имаат сила како Закон. На овој начин многу брзо, без посебни процедури, кои инаку би биле доколку одлучува Собранието, би се носеле одлуки со важност за справување со коронавирусот.

Во секој случај вонредната состојба е препорачлива за да може согласно Уставот да се санкционираат недисциплираните граѓани кои не се придружуваат кон препораките, заклучи Бучковски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e