БРОЈКИТЕ ЈАСНО КАЖУВААТ КОЈ ПОВЕЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: 1,35 милијарди евра на СДСМ > 800 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ

 

Ко-носителот на изборна единица 3 на претстојните избори, министерот за земјоделство Љупчо Николовски,  даде збор дека поддршката за земјоделскиот сектор за следните четири години ќе биде уште посилна и поконкретна и истата ќе изнесува 1,35 милијарди евра.

Речиси двојно повеќе од 800-те милиони што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ во својата програма.

Николовски најдобро знае во каква состојба го затекна министерството и колку труд, волја и визионерство беше потребно најпрво да се врати довербата на угнетениот земјоделец во системот, а потоа и да се исправи истиот тој систем и да се постави на здрави нозе.

Се покренаа сите полиња, од новиот модел на исплата на субвенции, преку мерката за зелена нафта – 100% директна помош за земјоделците, ИПАРД доживеа експанзија, сточарството се издигна, младите и жените добија достоинствен статус каков што заслужуваат, па се’ до рекордната откупна цена на тутунот.

Никој не беше изоставен, сечиј збор се слушна и беше земен предвид. Секојдневно се реализираа бројни средби со земјоделците. И токму тие го дадоа крајниот збор кој беше пресуден кога се креираше новата програма 2024-2028.

Програмата е полна со иновации, идеи, стимулации…За младите и за возрасните, за мажите и жените подеднакво, за малите и големите производители.

Дигитализацијата ќе продолжи, ќе се надградува, расте и модернизира домашното производство на земјоделски производи, руралниот развој, сточарството, браните и системите за наводнување, малите винарии, дестилерии, малите производители на храна, полјоделците, лозарите и винарите…

Земјоделската револуција е започната и не смее да запре!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e