Борел утре во Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, ќе отпатува во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина од 13 до 16 март.

Посетата ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот и во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.

В понеделник Борел ќе престојува во Скопје каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии.

Високиот претставник ќе одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски, а ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e