Борбата против корупцијата дава резултати, за четири месеци собрани докази за криминалот на градоначалникот на Петровец

Актуелниот градоначалник на Општина Петровец, Борче Митевски, неговиот брат и уште три други лица се осомничени дека во период од 2012 до 2018 сториле повеќе кривични дела со кои го оштетиле општинскиот буџет и се стекнале со 31 845 470 денари (околу 518 000 евра), а според директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и копруција.

Пријавените се сомничат за неколку кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластувања, поттикнување, злоупотреба на постапка за јавен повик, помагање и перење пари.

Од Финансиската полиција објаснуваат дека со фиктивни фактури, општински пари биле уплаќани на сметки на фирми чии вистински сопственик е братот на градоначалникот.

Братот на градоначалникот, кој е второпријавен, според тоа што го кажа Муареми, иако бил свесен дека парите се добиени од фиктивно издадени фактури, а за да го прекрие потеклото, дел од сумата (7 520 365 денари) ја искористил за купување возила и градежна механизација за фирмата, а дел од парите врз основа на фиктивни фактури потоа ги префрлил (7 530 181 денар) на сметките на две други фирми, од кои четвртопријавениот ги подигал во готово.

На прес-конференцијата вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека претставка за овој случај стигнала во неговиот кабинет во мај годинава. Откако ја разгледале, од неговиот кабинет ја испратиле до Управата за финансиска полиција и до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски отфрли дека во случајот има политички реваншизам иако пријавата се поднесува два дена пред почетокот на кампањата за локалните избори, на кои актуелниот градоначалник на Петровец повторно е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа е уште еден голем успех, со тоа што граѓаните, и оние кои што имаат информации, поттикнати од постапувањето, не од непостапувањето, и од праќањето на пораките дека нема селективност, и нема неказнивост, во сите овие случаи, се охрабрени и стигнаа уште претставки кои што ќе бидат препратени или се веќе препратени, информираше Николоски.

Како што тој изјави претходно ние сме единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од сите европски институции и во Брисел и во Виена каде што е седиштето на главната канцеларија на ОН за борба против корупција и Северна Македонија е лидер во регионот во спроведување на овие реформи.

-Започнавме борба со криминалот, влегуваме во новата програма на ОЛАФ за борба против измамите, таму се сите земји членки кои може да користат од новиот буџет во вредност од 180 милиони евра и со тоа се даде значење и признание на сите промени кои ги правиме во правец на борба против корупцијата и криминалот., рече тој.

Готов е и закоонот за конфискација на имот, по процедурите на база на студијата на Советот на Европа, доколку некој ќе стекне имот за кој нема покритие како го стекнал и разликата е 30.000 денари институциите ќе алармираат, ќе има постапка и процедура и ќе може да се истражи. во моментот законот е само за функционери додека се на функција, тие ги префрлаат на други имиња и по кривичните постапки си го враќаат имотот назад, дури и при правосилни пресуди.

-Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот. И ќе ги демотивираме оние кои сакаат да пишат на нивно име имот бидејќи ќе бидат проверени. Мора да го менуваме менталитетот, мора по 30 години да не го изигруваме законите и она што е на државата да се врати на граѓаните и да ја средуваме државата, да се градат градинки, училишта. Се надевам дека на овој начин ќе ги вратиме младите, рече Николовски..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e