Првообвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски Боки 13, утрово во судница почна вербално да ја напаѓа обвинителката Вилма Русковска.
Пред да почне судењето, веднаш штом обвинителката влезе во судницата Боки и се обрати на висок тон.
„Корумпирана обвинителке”, “вршите тортура врз мене”, „Што се смееш на малигнозна состојба? Господ нека ти врати! Вршиш тортура врз мене и тоа сите го гледаат!“беа дел од зборовите кои тој ги упати кон Русковска.
Јовановски мавташе и со лист хартија повикувајќи се на неговата здравствена состојба.
…