Денес тим од Меѓународниот сојуз Скопје, предводен од претседателот Бојан Јовановски, го посетија чичко Радивој Јовановски.
Радивој е хоспитализиран и сместен во апартман во Клиниката за онкологија и радиологија и е под постојан лекарски надзор и е вон животна опасност. Од утре врз него ќе се вршат детални медицински анализи и иследувања.
Меѓународниот сојуз Скопје се заблагодарува на сите хумани граѓани кои го покренеа ова прашање со случајот на Радивој, а најголема благодарност упатуваме до Министерството за здравство за нивната брза, професионална и пред се многу човечка реакција!