Кривичниот суд ја објави пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13. Тој е прогласен за виновен за кривични дела меѓу кои и за измама во предметот „Меѓународен сојуз“, за што е осуден на единствена казна од 9 години.
Јасна Мандиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години.
Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението.
Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на eдинствена условна казна од две години, доколку наредните 5 години не стори друго кривично дело.
Христина Карајованова Блажевска (асистетка и соработничка на Боки 13) е осудена на 1 година затвор.
Правното лице Меѓународен сојуз е осудено на 1 милион денари казна.
Судот пресуди и конфискација на имотна корист стекната или употребена за кривичното дело.