Богоев: Со чист образ кажувам дека јас и мојот тим, во изминативе 2 години целосно се вложивме за нашиот Карпош

„Дали можевме повеќе и подобро? Веројатно. Но, со чист образ кажувам дека јас и мојот тим, во изминативе 2 години целосно се вложивме за нашиот Карпош“, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев по повод две години откако ја презеде функцијата.

„Наместо оправдувања за наследените долгови, ги приоретизиравме работите, ставајќи акцент на заштита на животната средина, подобрување на условите во градинките и училиштата и кратење на непродуктивните трошоци“, посочува Богоев.

Тој додава дека денеска не постои закана дека „Партизан“ ќе биде ново градилиште, туку силна волја и иницијатива за негова обнова.

„Започна и реализацијата на еден од клучните проекти од мојата изборна програма, паркот од алпинистичката карпа до бунарите на р.Лепенец. Овие проекти ќе бидат траен белег на модерен Карпош, наш влог во позелена општина и хуманизиран јавен простор – со намена за спорт и рекреација. Оваа заедница е уморна од фрази и пароли, затоа чувствувам одговорност да направиме нешто повеќе. Одговорите на голем број прашања, коментари се со цел да се врати довербата на граѓаните во локалната самоуправа, во институциите, во нивните челни луѓе. Не е лесно, но 2 години покажуваме дека со многу елан и искреност може да се постигне напредок“, пишува Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e