Почитувани сограѓани,
Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град.
Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство.
Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени.
Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори.
ФБ статус на Благој Бочварски, градоначалник на Штип