Бочварски – Тицињски: Капиталните проекти се значајни за економскиот развој на државата

Капиталните проекти се значајни за економскиот развој на државата, порачаа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи на денешната работна средба во Скопје со полскиот амбасадор Војциех Тицињски соработка и ја потенцираа потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Бочварски информираше за инфраструктурните проекти што се реализираат во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата. На средбата, информираат од Министерството за транспорт и врски, се отвори и прашањето за полската кандидатура за Советот на Меѓународната поморска организација

-На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите проекти, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка, изјави министерот Бочварски.

На средбата се разменија мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од Ковид кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e