Бочварски: Обезбедени се пари за изградба на патот Дреново-Градско, владата на СДСМ работи за граѓаните

Прес конференција,

Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ

Скопје, 24.08.2017

 

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат да работат во интерес на граѓаните, обезбеден е грант од 35.4 милиони евра, неповратни средства од ИПА програмата за изградба на патот Дреново-Градско за што е потпишан билатерален договор со Европската Унија.

Со изградбата на оваа делница значително ќе се придонесе кон модернизација на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион и за граѓаните од овој крај тоа ќе значи побрз пристап од едното до друго населено место и побрз трансфер на стоки и услуги.

Изградбата ќе се одвива на ниво на експресен пат во должина од 15 километри кој ќе ги задоволува сите безбедносни и сообраќајни стандарди.

Со оваа значајна капитална инвестиција ќе се унапредат бизнис релациите, траснпортот на стоки и луѓе во регионот на Градско, Кавадарци, Прилеп, Битола, Кривогаштани, Крушево и Охрид.

Македонија оди напред! Владата предводена од СДСМ согласно програмата работи на изградба на капитални проекти во инфраструктурата кои ќе придонесат кон севкупен економски раст и развој на држвата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e